Очите нè направија луѓе

Судбоносната миграција од вода на копно била направена благодарејќи на очите, а не на нозете, тврдат двајца научници. Според нив дури откако прогледале далеку, нашите акватички предци решиле дека треба да почнат да растат нозе.

Теоријата на научниците од Нортвестерн и Клермонт е дека на  преминот кој се случува пред 358 милиони години му следува значително зголемување на очите на водните животни.

Пред излегувањето очите во просек биле големи 13 милиметри, додека за време на преселбата тие достигнале до 36 милиметри. Ова пред и потоа има еволуциско времетраење и се одвива во период од 12 милиони години.

Трикратното зголемување било проследено и со придвижување на очите од страната на главата, на горниот дел, а поголемата димензија најверојатно довела и до поголем мозок кај копнените животни.

Со самото тоа што можеле да ги кренат очите над површината на водата (откако од страна им се преместиле горе), рибите гледале 70 пати подалеку отколку под вода. Со ова значително се зголемува понудата на плен што им е на располагање.

Новостекнатиот домет на подводниот свет му го покажува изобилието од храна што го чека на копно, и како што се заклучува во текстот на Сајансдејли, "не екстремитетите, туку очите е она што ги донесе нашите предци на копно".

 

10 март 2017 - 14:49