Вива Лас Вегас, индид!

Лас Вегас на почетокот на јуни ќе се обиде да сруши еден рекорд поставен од Јапонците. Тие пред 12 години собраа 500 луѓе, овие планираат да пукнат барем илјадарка. Самци СТОП.

Организација на сексуални ентузијасти наречена Menage Life планира да го сруши рекордот за најголема оргија на светот. Актуелниот рекорд беше поставен во Токио во 2006-та кога се собраа 500 доброволци да копулираат на ангро. Американците очекуваат да бидат барем двојно побројни.

Рушењето е закажано за 2 јуни во еден вегаски хотел. Ќе се влегува со пропусница а за неа е потребна лична карта и нешто пари. 200 долари за двојки и само 25 долари за сингл девојки. Сингл курајбери не примаат, јер кај ќе ги соберат.

За редот (хихи, редот!) ќе се грижат луѓе од организацијата кои ќе го надгледуваат главното правило за консензуалност во општењето. На секој кој ќе проба да се угнезди онаму кај што не е пожелен, ќе му се деси коитус интераптус и ќе биде отстранет од понатамошна партиципација во подвигот. Учесниците ќе добијат и бесплатни кондоми, лубриканти, пешкири и други соодветни потрепштини.

Четата ќе се збира во овој хотел:

А во Скопје, ја пуштиле и 50-ка да проаѓа низ ГТЦ.

 

11 мај 2018 - 12:07