Време е да се апдејтираат некои изреки. Јавна куќа од Виена обелодени дека нивната хипер-реалистична секс кукла по популарност и нарачки од клиенти ги надминала сите други нивни - живи - трудбенички. А поскапа е.
Освен сериозни државни инвестиции во образование и обука на жените, великодушно породилно боледување и гарантирана здравствена заштита за мајката и децата, уште еден факт кој се изостава во стереотипите за поранешниот комунистички блок е и тоа дека: жените под комунизмот уживаа во повеќе сексуални задоволства.
Дали е градинар, дали е водоводџија, чистач на базени, или испорачува пица, заедничко за сите е што има минимална плата и максимум секс на работно место, барем според архетипот врз кој е изградено порното.
Звучи апсурдно ама таков е животот. Женет маж нарачал проститутка по интернет. На врата му се појавила неговата сопруга. Најинтересно е кога ќе помислите дека тоа нивното и не би било вонбрачен секс.
Старата правна школа вели дека нема злостор ако нема жртва. Но актуелните стравови на јавноста ги тераат законодавците на контроверзни решенија. На теренот на сексуални перверзии, ќе наебуваат и оние најјадните, оние кои својата сексуална партнерка прво мора да ја надуваат.
Кога матичарот на Виктор ќе му каже „можеш да го бакнеш младоженецот“, тој ќе треба да реши дали тоа прво да го направи со Мануел или со Алехандро. Ах, мажот е за мака роден.
Американските универзитетски кампови до толку се станати легла на напнати политички коректни младинци што некои стенд-ап комичари престанаа да настапуваат во нив за да не мора со новите комсомолци за секоја заебанција или виц да се објаснуваат дали е хејтспич, дискриминација или расизам. Сега имаат и апликација за давање согласност за интимни односи. Стискаш на копче и му даваш на знаење на црепот дека може да те фати за цицка.
Нова ДНК студија фрла светло врз една од најголемите енигми во биологијата и навестува дека женскиот мозок е уште покомплициран отколку што досега се мислеше. Можно е жената да апсорбира ДНК од секој маж со кој имала секс.
Во космосот има голем број неодговорени прашања кои прават да се чувствуваме нераат. Единствен начин долгиот список да се намали е да почнеме да ги одговараме, едно по едно. На пример, колку често имаш секс споредено со други?
Раскинувањето знае да биде мачно и непријатно и генерално бара извесен напор за на човекот со кој до вчера си бил заедно да му се објасни зошто веќе не оди така и зошто е подобро секој да си фати свој пат. За среќа на оние кои немаат муда да минат низ тоа, живееме во свет во кој и тоа може да се плати.
Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.
Тазе студија фрла нова светлина на ова вековно прашање со кое се мачеше и Хари кога ја сретна Сали. Да, не можат да бидат пријатели, ама, Хари мозгаше за погрешна работа.
Сè попопуларен станува еден бањски третман во кој набрзинка ви ги замрзнуваат гениталиите (на минус 160 степени!) за да му се пратат сигнали на мозокот да обрвне внимание на овој напатен (или запоставен) регион. А по аналогија на принципот „камче во кондура“, веројатно има ќеиф и во тоа кога ќе ви ги одмрзнат.
Како што стареат така расте желбата кај мажите за врски со помлади жени, од друга страна жените од најразлични возрасти немаат против да се во врска со мажи што се постари или помлади од нив, и ова е според бројки од 2015 од сајтот за лични контакти Оккјупид. Сега нова студија вика дека не е така, старите мажи не сакаат млади жени.
Гледањето порно доведува до групен секс, е еден од главните аргументи на законодавците на Вирџинија, кои разгледуваат резолуција со која порнографијата ќе биде прогласена за штетна и токсична.
Во земја со само 330.000 жители не е лесно да се избегнат братучедите и останатата подалечна фамилија. Затоа Исланѓаните си имаат апликација да им ја пребара генеалогијата.
Иако старите Јапонци сè поинаетливо го одложуваат умирањето, не можат бројно да ѝ помогнат на нацијата со килава младина: над 40 посто полнолетни млади луѓе се девици. Не во хороскоп.
Африканската земја имаше шанса малку да глуми нормалност и да ја укине мерката која на властите им дозволува да им прават анални проверки на мажите за да утврдат дали тие се геј или не. Ама не, кенискиот суд одлучи дека проверките не се ни тортура, ни деградирање.
Се води како Ава Хадсон, и е млада, бела и со високо образование, три референци кои и дозволуваат своите услуги да ги наплаќа по повисоки цени од останатите, почнувајќи од 600 долари за "коктел" до 10.000 долари за викенд дружење.
Нов документарец открива супкултура на луѓе кои сакаат да глумат кученца. Иако ова има и сексуална конотација, многу повеќе се работи за игра која некои луѓе ги прави среќни. Како ќе ги познаете? Весело мавтаат со опашките кога ги чешкате зад увцињата.
За жал, Фејсбук. Некогаш за ова прашање решаваа мудри и искусни судии со такт и чувство за контроверзни теми, денес пресекува некој аутсорсинг работник од Филипините.
Со карактеристично Дата ниво на социјална интелигенција, германската влада ја пушти веб страната со технички упатства за дојденците од Блискиот исток за тоа што е дозволено, а што не во сексот во германската култура.