Мажи, ова научнициве ви вадат муабети

Како што стареат така расте желбата кај мажите за врски со помлади жени, од друга страна жените од најразлични возрасти немаат против да се во врска со мажи што се постари или помлади од нив, и ова е според бројки од 2015 од сајтот за лични контакти Оккјупид. Сега нова студија вика дека не е така, старите мажи не сакаат млади жени.

Во студија објавена во журналот на Еволутивна психологија, мажите како што стареат нив ги држи интересот за помлади жени, меѓутоа тие и понатаму сексуално се заинтересирани за жени од своја генерација. Според авторот, психологот Јан Антфолк од финскиот Або академи универзитет, холивудските стереотипи како Хју Хефнер со млади девојки, или повозрасни жени со млади момчиња не го претставуваат реалниот живот. Напротив, за голем број постари мажи е возбудливо да бидат со жени на своја возраст.

Во студијата, Антфолк испитува 2655 возрасни Финци кои се идентификуваат како хетеросексуалци, хомосексуалци или бисексуалци. Од нив 878 се машки, 1798 се женски, и се на возраст од 50 до 80 години. Секој од нив е прашан за возраста на сексуалниот партнер што го посакуваат и за возраста на нивниот актуелен сексуален партнер.

И кај жените и кај мажите посакуваниот секс партнер бил некаде на нивна возраст. Она што забележува Антфолк е дека како што жените старееле за една година, границата за најмлад сексуален партнер се кревала за 4,5 месеци. Кај мажите границата се кревала за само 2 месеца.

 

11 февруари 2017 - 14:08