225 илјади универзитетски студенти во Британија имаат свој спонзор (sugar daddy) кој им покрива најразлични трошоци вон факултетот, тврди за БиБиСи компанијата што ја има водечката апликација за спојување на постари мажи со млади девојки.
Порно платформата Порнхаб изготви глобална мапа за тоа во кои земји за колку време се постигнува оргазам. Мили наши браќа и сестри, како и за Илинденското востание, избрзувате.
Пред актуелната руско-турска студена војна, Турција годишно примаше околу 4 милиони туристи од Русија. Некои од нив не се вратија дома. Повеќето од нив беа жени. Немојте одма со веѓите надолу, ова не е уште една тажна бегалска сторија.
Мамурни сте. Уморни. Главата ви е тапан а џигерот би го однеле на авто - пералница, да го исперат под притисок. И згора на сè, ви се сака! А има причини за тоа.
Таман ќе се помириш со сите можни причини заради кои јадеш како да ти е последно, и фините научници ќе најдат ново алиби за твојата прождерливост - мажите се прејадуваат за да ги импресионираат жените.
Група научници, кои свесно одлучуваат дека ова е темата која заслужува да ѝ го посветат своето знаење, открива дека - во сексот сепак е важна големината. Утехата е дека зборат за физичката големина на мажот / жената.
Ако црквата, најнеподносливите фракции на феминизмот или некој друг авторитет ви ја имаат всадено вината што гледате порно, шејм ноу мор. Не посто никаква причина да се срамите од историјата на вашите веб пребарувања.
Прво знаевме за педери и лезбејки, после првите станаа гејеви, што е ок пошто ни остана зборот за карактерни дефиниции или изразување љубов (пер, те сакам), а некако попат успеавме да разбереме и што се метросексуалци, асексуалци па дури и пансексуалци. И пак сме назад со материјалот.
Порнхаб и РедТјуб ги здружија силите за да откријат што сакаат жените од порното. Анализираа 40 милиони посетители и дојдоа до конечниот одговор - Ким Кардашијан.
Една четвртина од јапонската машка популација над 30 години што не е во брак, никогаш во живот немала секс. Тоа не значи дека не треба да имаат други активности, на пример уметничко сликање на голи модели.
Со едиторијал во Ванити Феир, и фото-сесија од Ен Лебовиц, Брус Џенер и официјално го обзнани својот нов идентитет како - Кетлин. Пред ова, додека беше Брус тој ја најави промената и побара сите да го почекаат додека да заврши работа.
За почеток луѓето што ја истражуваат темата сакаат да истакнат дека самото постоење на машкиот пол е крајно збунувачко, по основа дека неговата работа е само придонесување на генетски материјал. Истражувано е 10 години.
Амбициозен фанатик на тема ЛГБТ права и штетата од нив успеа да достигне комплетно ново ниво на нетолеранција поднесување тужба против "хомосексуалци," сите и секаде.
Денешните родители помалку бараат послушност и придржување до некои строги правила. Ама затоа сè почесто ја користат љубовта како алатка за контрола на своите деца.
Тоа што те оставил сам на себе за време на врската, мозокот го надополнува по раскинувањето кога инстантно ги стартува "бекап" системите кои ти помагаат да ја надминеш целата "само на мене ова може да ми се случи затоа што космосот сака да останам сам/а" драма.
Иако човештвото никогаш нема да престане да ја премерува големината на машкиот полов орган, олеснителна околност е што во последната масовна студија на 15.000 мажи, изваден е понизок просек од очекуваното - 13,12 сантиметри во ерекција.
Стрејт мажите е многу поверојатно од стрејт жените да се во заблуда дека некој/а им се пушта. А многу е лесно, ако ти се насмее не значи дека те сака или сака нешто од тебе, освен кога баш тоа значи, ама исклучокот не е толку чест, но сепак на тебе може често да ти се случува. Гледате, лесно.
Покрај недостатокот на пилешко, шеќер, лекови, тоалет хартија и други основни производи, жителите на Венецуела не можат да најдат ни кондоми, а и да ги најдат исто им е, пакет кондоми чини 755 долари.
Темата е машка долна облека и како таа влијае на бројот на сперматозоиди. Општоприфатениот став е дека високата температурата не влијае добро на бројноста. Дилемата е дали да се носат тесни или широки гаќи.
Луѓето од едно мало данско место се согласиле дека најголем проблем им е што не се раѓаат деца. Притоа дошле до заклучок дека најдобар начин да го решат овој проблем е да прават деца.
XBIZ е нешто како неофицијалниот службен весник на секс и порно индустријата во САД. Вчера го поделија годишните порно награди. Годинава имаше вкупно 160 категории.