Хадсон не е класичен ескорт, туку повеќе е "специјализирана" за долги врски со своите клиенти, и многу е пребирлива околу кој било потенцијален нов клиент, кој задолжително минува проверка на минатото и се бараат негови референци кај претходните ескорти што ги посетувал.
"Таа е шармантна, интелигентна, заинтересирана за политика, будалеста и со маани. Не е баш стабилна во премногу високи штикли. Постојано ја брка мачката на соседите што и влегува во кујна, и е уверена дека никогаш не оди доволно на вежбање. Редовно ги посетува настаните организирани од Блек лајвс метер, сериозно е вклучена во организацијата на Сан Франциско Прајд и студира постдипломски по психологија. Ава се бори за признавање на сексуалната работа како легитимен труд, и како таа и останатите секс работнички да бидат сметани за автентични, комплексни човечки суштества какви што се," пишува Андре Шакти во текстот за Ава Хадсон.
Кариерата и започнува откако по завршување колеџ се враќа во Канада каде не може да најде работа. На предлог од тогашниот дечко, таа влегува во секс индустријата вработувајќи се во "салон за масажа". Таму не ѝ оди и решава да напушти и да се проба како доминатрикс, па неколку години работи во "разни зандани" низ Торонто. Овој пат работи преку ескорт агенција, меѓутоа и покрај одличните услови што ги има таму, таа сфаќа дека би заработувала далеку повеќе пари како независен ескорт.
Средбата со клиентите започнува со разговор на општи теми "литература, уметност, филозофија," а ако е клиент со кој треба прв пат да се види, обично имаат малку подолг разговор по телефон. Без разлика колку има заработено од клиенти, најмногу во сеќавање и остануваат средбите со други секс работнички, "да гледаш 8 прекрасни жени како утоп мокри излегуваат од џакузи за да си стават шампањ? Да, благодарам."
Во однос на личниот љубовен живот, таа објаснува дека тоа што заработува од секс и помогнало "да стане попребирлива во изборот на сопствените љубовници" и дека сега прави многу помалку компромиси на оваа тема отколку претходно.