"Речиси сите повеќе клеточни организми на Земјата се репродуцираат користејќи секс, ама неговото постоење не е лесно да се објасни бидејќи носи голем товар, од кој најочигледниот е дека само половина од вашата рожба - ќерките - ќе произведат нова генерација. Зошто тогаш кој било вид треба да ги вложува сите овие напори на создавање синови? Сакавме да разбереме како Дарвиновата селекција го дозволува постоењето на овој раширен и наизглед расипнички репродуктивен систем, кога систем во кој сите поединци би создавале потомци без секс - како од исклучиво женска асексуална популација - би бил далеку поефективен начин за создавање на уште поголем број на потомци," објаснува првиот човек на студијата спроведена од Универзитетот на Источна Англија, Мет Гејџ.
Едно од објаснувањето за потребата од машки (освен она со придонесувањето) е дека сексуалната селекција е корисна за видовите. Кога жените го бираат својот партнер (или обратно, во зависност од видот), има подобри генетски резултати отколку "кога сексот се случува по рандом."
Студијата објавена во Нејчур е започната пред 10 години и во неа се тестира колку е важна селекцијата за бенефициите од сексуалната репродукција. Се тестираат бубачки (огромен број) кои се делат во најразлични комбинации (голем број машки со малку женски, со избор, без избор, крвно сродство...).
Резултатите се дека групите на кои им е дозволена најмногу селекција успеале да преживеат 20 генерации инцест, додека оние кои имале малку или воопшто немале изумреле по 10-та генерација.
"Ова е затоа што тие имале поголем број на опасни мутации набиени во нивниот генетски код, и тие лесно се акумулираат при инцест.
Сексуалниот избор им дал предност на бубачките, бидејќи женките со избор - и голем број мажи кои се натпреварувале за нивното внимание - било помалку веројатно да се парат со генетски слабите примероци," се објаснува во текстот на Вашингтон пост.