66-годишната Силвија Дрискел тврди дека дејствува како амбасадор за тужителите "Господ, и неговиот син, Исус." Во случајот соодветно именуван Дрискел против Хомосексуалците, од американскиот суд се бара да донесе одлука дали хомосексуалноста "е или не е грев."
"Цитирајќи стихови од Библијата, Дрискел тврди 'дека хомосексуалноста е грев и дека тие, хомосексуалците, занаат дека е грев да се води хомосексуален живот. Зошто инаку би се криеле во плакар(?)'
Дрискел напиша петиција на 7 страни до судот во која објаснува дека Господ рекол дека хомосексуалноста е ужас.
'Мислев дека никогаш нема да го доживеам денот во кој нашата голема нација или нашата голема држава Небраска ќе стане согласна на соучеството во разузданото однесување на некои луѓе,'" пишува весникот Омаха Ворлд-Хералд.
И покрај тоа што тужбата опфаќа стотици милиони обвинети, за сега не е издаден судски повик за ниту еден од нив.