Новото пребројување започнува откако истражувачи од Медицинската школа на Кингс колеџот во Лондон, забележуваат дека нема "формална системска рецензија за мерките за големина на пенисот." Заради ова тие собираат податоци од 20 студии кои се занимавале со премерување, и кои се спроведени од доктори или други професионалци по медицина. Овие студии имале опфатено вкупно 15.521 човек.
Докторите ги искористиле податоците за да изработат "номограм со мерките за спуштен и еректиран пенис," односно графикон кој докторите можат да го користат за да им покажат на мажите каде се сместени на глобалната листа.
Петте главни мерки се:
- просечна должина на спуштен пенис - 9,16 сантиметри
- просечна должина на пенис во ерекција - 13,12 сантиметри
- просечен обем на спуштен пенис - 9,31 сантиметар
- просечен обем на пенис во ерекција - 11,66 сантиметри
Истражувањето открило дека најголемиот дел од "гачките" немале никаква врска во одредување на големината на пенисот, како приказните за поврзаноста меѓу должината на средниот прст и должината на половиот орган, или големината на носот, или бројот на чевли.