Човек добива најразлични информации кога ќе погледне нечие лице: возраст, здравје, националност, расположение и дали е машко или женско. Меѓу букмарксите што нашиот мозок ги користи при скенирањето на нечие лице се: формата на лицето, структура на коските, позиција на веѓите, колку е светол околу очите и устата, формата на носот, квалитетот на кожата и др.
Хирургот Џефри Шпигл наведува неколку карактеристики кои одредуваат дали некој е убав. На списокот се:
- рамно и вертикално чело со релативно мала дистанца меѓу веѓите и почетокот на косата.
- веѓи со деликатно закосување и издигнување над врвот на очната шуплина.
- Полни образи, кои одат до страните и пред долниот дел од очната шуплина. (Важно е затоа што жените имаат посветли очи од мажите.)
Сето ова трансродовите жени можат да го добијат преку операцијата за фацијална феминизација, која опфаќа моделирање на челото, моделирање на брадата и вилицата и зголемување на градите.
Моделирањето на челото (фронтална краниопластија) вклучува три делови:
- намалување на висината на челото, за да се добие женска форма. Ова предвидува отстранување на вишокот коска, бидејќи се подесува големината на синусите.
- отворање на очните шуплини.
- се симнува стартната линија на косата, се покриваат сите знаци на машка ќелавост и се креваат и оформуваат веѓите.
По ова следува оформувањето на вилицата и брадата. И двете треба да се стеснат за да се добие понежен изглед.
Следен чекор е фејслифитинг, затегнување на очите и пилинг или друг третман за подмладување на кожата.
Една од нијансите која ќе направи сериозна визуелна промена се усните. Иако преовладува потрагата по полни усни, она што е клучно во процедурата е - кратка горна усна. "Мажите и постарите жени имаат усни кои кога се во опуштена положба комплетно ги покриваат горните заби. Помладите атрактивни шени имаат кратка усна со неколку видливи светли заби."
"Има уште ама ова е доволен почеток за разбирање на она што е потребно за атрактивен и феминизиран изглед. Не е прашање на вкусови или мода. Нашите мозоци еволуирале за да ги препознаат овие карактеристики како убавина и тие се универзални," објаснува Шпигл.
Според него овие процедури секогаш помагаат човек да изгледа поженствено и секогаш се ефективни, ама не кај секого може да се постигне совршен резултат. Што се однесува до компликациите, неговите статистики се дека оваа процедура имал помала стапка на компликации отколку вадењето синуси.