Терминот за машките кои полнат 30 години како девици е - јарамисо. За ова да не удри на нешто лошо, државата и невладините почнаа да организираат се повеќе активности за членовите на оваа група.
Дел од понудата се разумни предмети и часови од типот како да воспоставиш здрава врска со друг човек, друг дел се часови по цртање голи акти. Сето ова организирано само за јарамисо.
"Никогаш не сум имал девојка. Едноставно не се случило. Не е дека не сум заинтересиран. Се воодушевувам од жени. Ама никако да ми се случи," објаснува 41-годишниот Такаши Сакаи, еден од учениците на часовите по цртање.
Има повеќе објаснувања за растот на популацијата на јарамисо, од основното "Јапонци се, работат" до промената во самата структура на работните места и безбедноста што таа им ја обезбедуваше на постарите генерации. Втората е поврзана со економските проблеми во земјата, заради кои мажите потешко можат да го достигнат статусот (редовен работен однос) што тие сметаат дека е потребен за да и припарат на девојка.