Дел од советите се како да се комуницира и да се биде пристоен кон ЛГБТ популацијата и членовите на спротивниот секс. На други места од сајтот има чекор по чекор упатства за тоа како да се има секс на различни начини и во различни позиции.
Сето ова е прикажано со клинички чисти илустрации од најразличните секс пози. Еден дел од сајтот дава совети за млади луѓе за тоа како да ја изгубат својата девственост. Меѓу главните совети е: "Гледај никој да не те вознемирува."
Сајтот е изработен по нарачка на Германскиот федерален центар за здравствено образование, и чини 136.000 долари. Целта му е "да помогне во надминување на јазот меѓу типично резервираните блиско-источни ставови околу сексот и многу поотворениот германски пристап, каде јавната голотија не ретка, а искрениот разговор околу сексот е стандард."
Паралелно со ова, во Баварија локалната влада почна да нуди часови за мажи од Блискиот Исток за тоа како соодветно да им пристапат и да разговараат со Германките, а тоа да не биде навредливо.
Сајтот (на неколку јазици) го имате тука