Во третманот се користи пареа од течен азот со која неколкупати набрзина се третира меѓуножјето со што мозокот добива сигнали дека нешто не е во ред со тој дел од телото па по службена линија мора да реагира.
Ваквите смрзнувачки стимулации од течниот азот ги буди рецепторите за температура што повлекува забрзан крвоток во настраданите подрачја. Резултат е раст на нивото на ендорфин во организмот и зголемено сексуално либидо.
Од бањата објаснуваат подетално:
„Кога кожата го детектира невообичаеното студенило, телото праќа пораки до мозокот кои му даваат до знаење дека ако нешто не е во ред, треба да го поправи. Ова предизвикува инстантно зголемување на лачењето на ендорфин и чувство на свеж бран енергија,“
Корисни нуспојави се и заtегната и подмладена кожа до која се доаѓа благодарејќи на интервентните дози на природен колаген.
Сето ова заедно, сосе свежо одмрзнатите гениталии може да се имаат за 50 фунти, во Манчестер.