Церемонијата е планирана за некој од наредните месеци и со неа ќе се прослави првата легална брачна заедница на тројца мажи во Колумбија, а веројатно и во светот.
Кај надлежните нотари веќе се заверени потребните документи. Во правна смисла оваа геј тројка нема да биде баш брак бидејќи и тамошниот закон бракот го дефинира како заедница од двајца луѓе но властите во случајов сепак решиле да ја легализираат заедницата на Виктор, Мануел и Алехандро како „специјална брачна заедница“.
„Сакаме она што нам ни е приватно да го направиме јавно за да им помогнеме на луѓето да сфатат дека постојат различни видови љубов и различни видови семејства“, вели 22 годишниот Виктор, најмладиот во врската.
Инаку, Мануел и Алехандро се геј ветерани од првата геј двојка легализирана во Колумбија пред 18 месеци а во меѓувреме во равенката се уфрлил и младиот Виктор. Колку овие да имаат кого да праќаат по цигари.