Сме слушнале за луѓе на кои сексот наводно не им бил битен (мистериозно ги викаат „интелектуалци“). За сите останати тој е извор на секојдневни ангажмани и сомнежи. Колкав број партнери во животот се смета за „нормален“? Колку често е често? Колку ретко е за греота?
За жал за вакви статистики базирани на локални сексуални навики не знаеме. Но во САД секоја втора година се спроведува анкета за однесувањето и верувањата на Американците, која вклучува и ваква, сексуална графа. Врз основа на податоци за последните 14 години (секој испитаник си пополнувал сам, без некој да му држи статистичка свеќа), излегува дека „шемите на сексуална фреквенција“ драстично се менуваат.
Луѓето во 2010-тите имаат секс дури девет пати помалку отколку во 1990-тите. Но поголемото изненадување е што родените во 1930-тите имаат повеќе секс од оние родени во 1990-тите. Генералното намалување се толкува како резултат на тоа што Американците сè поретко имаат постојани партнери, но и без тоа имаат секс поретко од нивните претходници.
Ако сакате да проверите дали вашиот сексуален живот е поредовен од просечниот Американец клик тука.
Истата статистика на домашен терен можете да ја добиете и аналогно, со наслушнување низ маало или преку „добро информирани извори“. Ако споредбата не ви оди во прилог, секогаш има можност за - лажење на анкети.