Со законот им се забранува на мажите да мастурбираат вон клиника или болница во која се дојдени по таа основа.
Според Џесика Фарар, демократ од претставничкиот дом на Тексас, законот под име "Мажите имаат право да знаат" е поднесен за да се нагласи како жените се погодени од законите за здравствена заштита кои важат во Тексас, посебно во однос на абортусот.
Делот со мастурбацијата се објаснува со тоа дека ејакулација вон вагина или медицинска установа е "акт против неродено дете, и тоа не ја заштитува светоста на животот".
Во другите точки од законот се предлага задолжителен период на чекање пред правење вазектомија или добивање рецепта за вијагра, како и "медицински непотребен дигитален ректален преглед".
Проблемот што Фарар сака да го истакне се потешкотиите со кои се среќаваат жените кои сакаат да абортираат. Меѓу правилата кои важат во Тексас, жена мора да мине инвазивен скен со ултразвук најмалку 24 часа пред абортирање. Како што објаснува Фарар "кога жена мора да прави транс-вагинален ултразвук тоа нема никаква врска со нејзиното здравје. Една од целите на властите е преку вина да ја натераат нејзе да ја промени својата одлука."