Таг: Абортус

Лажната чедност на движењето против абортус

Со децении, анти-абортус движењето го слика прашањето со мрачни, крвави термини. Абортусот е геноцид, нов Холокауст, современа морална криза каква што сме немале, така тврдеа. Процедурата не само што е производ на женскиот индивидуален грев, туку и симптом на култура што отишла по ѓаволите.

Бремените жени стануваат државна сопственост

Од Америка до Полска, женската приватност систематски се еродира.

Немој да дојдат по тебе, Кларенс

Вупи Голдберг му „ја залепи една“ на црниот врховен судија што гласаше да се отфрли општото право на абортус.

Правото на абортус падна пред Врховниот суд на САД?

Судската одлуката во спорот Роу против Вејд беше основата врз која повеќе од 50 години САД го гарантираа правото на абортус до 6-ти месец. Во јуни одлуката престанува да важи.

Портланд ќе гласа за воведување ембарго на Тексас

Целосната набавка на производи и услуги за потребите на градот Портланд нема да смее да има ниту една ставка што ќе доаѓа од Тексас, откако најголемата сојузна држава во САД пред некое време воведе нов закон против абортусот.

Фемен најдоа погрешен министер за да му се соблекуваат

На сред говор на германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, упаѓаат девојките од Фемен со само за нив праведен протест, кој со многу попуштање успеваат да го приберат под чадорот на „загрозување на правата на жените“, и му прават еден од нивните класични перформанси.

УСАИД подесно од ВМРО

На тема на женски права и родова еднаквост, на состанок во ОН зад затворени врати, УСАИД и други претставници на актуелната американска администрација, буткале толку конзервативна агенда што многумина оцениле дека таа е многу подесно од позициите на Русија и на арапските држави.

Политичарката што сака да воведе 100 долари казна за мажи што мастурбираат

Предлогот законот стварно постои и е поднесен, ама поентата не му е да казнува туку да привлече внимание кон друг проблем.

Хилари Клинтон за абортусот

Републиканскиот конгресмен веројатно си помислил: "Сега ќе ја напнам за дефиниции, таму се тенки". Наравоучение: На Хилари Клинтон не и се поставува прашање ако не си спремен да го поднесеш нејзиниот одговор.

Абортусот преживеа во Тексас

Демократската сенаторка од Тексас излезе на говорницата во розеви патики. 50 годишната Венди Дејвис знаеше дека ќе мора да отстои цели 13 часа ако сака да успее да го блокира конечното донесување на законот со кој се отежнува правото на абортус. Републиканците ја скинаа два часа порано од рокот, но, потоа демократите изиграа екипно.

Ако не можеш по правата, удри по процедурите

Конезервативците од Тексас најдоа лукав начин како да го отежнат абортусот, воведувајќи ригорозни стандарди кои треба да ги задоволуваат клиниките во кои се изведуваат зафатите.

Итало Калвино за абортусот и смислата на животот

Некако е логично дека најзагрижени околу стегањето на обрачот кога се во прашање репродуктивните права би биле жените. Но во текот на историјата на борбата за женските права ним им се придружиле и некои мажи. И тоа не само заради меѓуродова солидарност, туку како дел од нивниот светоглед.

Pussy riot

Селма, молим те... не нагињи се кроз прозор...Јер, све што ќе видиш е протест без п, трудни жене на свак корак, контрацепцију од 600 денара, психијатри што ќе советуев жене у абортус намере, Владике сас повише соберен виски него власт у време на прохибицију, новинари што ги нигде нема, Заеб на чело на левицу, и десницу што ми у очи ми кажује он'ј дн дека, сполај на партију, трите деца од дома си имав добру работу. Ама си имале факултет, затоа...