Венди Дејвис претходно на Твитер ја најави својата намера да ја окупира говорницата во тексашкиот сенат за да го онезвоможи донесувањето на новиот закон спонзориран од Републиканците со кој во целата држава се оставаат само 5 клиники на кои може да биде изведен абортус.
Збор зема во 11 часот со што ѝ остануваа цели 13 часа до полноќ за да го исцеди времето во кое законот може да биде донесен легално.
Правилата за вакво блокирање таму се прилично ригорозни: нема паузи, нема одење во веце, нема талатовско молчење, нема јадење/пиење, нема дискусија надвор од темата. Токму последново беше изговор на претседавачот за да ѝ го одземе зборот пар часа пред полноќ - нејзиниот говор околу задолжителниот ултразвук е оценет како излегување од темата иако тоа децидно се спомнува во новиот закон.
Галеријата полна со приврзаници на абортусот еруптираше а топката ја преземаа партиските колеги на Дејвис, започнувајќи серија блесави но дозволени процедурални прашања.
Еве ја атмосферата од самиот финиш на маратонската седница која преку јутјуб стриминг ја следеа 160.000 луѓе:
Венди Дејвис е одгледана од самохрана мајка со завршено шесто одделение. Се мажи доста млада и бргу се разведува, живеејќи со своето бебе во трајлер. Работела две работи додека се образувала. Дење фултајм работа, ноќе раскревала маси по кафани. Повторно се мажи, добива втора ќерка и се запишува на Харвард. Три години редовно патува на релација Форт Ворт - Бостон за да заврши школо. Местата се оддалечени 2.534 километри.
Републиканците мораа да го признаат поразот, но не се предаваат.
"Ова беше забавно, но, се гледаме многу скоро," бесно порача гувернерот на Тексас, Дејвид Дјухрст.