Освен што го забранува абортусот по 20-тата недела, новиот закон за абортус на Тексас го скрати бројот на места во кои жените може да се обратат за ова прашање.
Образложени со потребата од поголема здравствена сигурност на пациентите, со новиот закон се предвидиваат стандарди кои ретко која актуелна линика во која се изведуваат абортуси може да ги задоволи.
Генерално, од 42 сегашни установи, бројот на места за абортус е сведен на само пет со што драстично се намалува фактичката достапност на абортусот.
Прелагач на законот е републиканката Џоди Лаубемберг која со години е противник на абортусот и претходно ги подржуваше тн "време за размислување" и задолжително снимање пред изведување на зафатот.