„Што е следно? Кларенс Томас алудира на тоа дека треба да се забрани и контрацепција. Разбирате ли, господине? Не, затоа што не морате да ја користите,“ се лутеше Голдберг на Д Вју во понеделникот.
„Не бевме ни во Уставот. Не бевме ни луѓе. Поарно надевај се дека нема по тебе да дојдат, Кларенс, и да ти кажат дека не смееш да бидеш женет со сопругата, која е случајно бела. Затоа што можат тие и поназад да се вратат.
И поарно надевај се дека никој нема да каже, па, знаеш, го нема тоа во Уставот. Ќе се вратиш на бивање четвртина личност. Затоа што ни така нема да може.“
Томас, инаку најконзервативниот судија во судот, кој веќе најмногу го напаѓаат затоа што е црн, беше меѓу петте судии кои гласаа да се отфрли одлуката од 1973 и со тоа ставија крај на пет децении уставна заштита на правото на абортус.
„Треба одново да се разгледаат сите други преседани, вклучувајќи ги Гризволд, Лоренс и Обергефел,“ рече тој за одлуките што инаку се однесуваат на контрацепција, декриминализација на геј секс и легализација на истополови бракови.
Ироничното е што не ја спомна одлуката од 1967, Ловинг в. Вирџинија, каде што се одлучи на истата основа што ги легализираше истополовите бракови - да се укине законот што забрануваше меѓурасни бракови.