Зошто Кларенс Томас стана мета на толкави напади по соборувањето на Ро против Вејд од страна на Врховниот суд? Затоа што е црн. Затоа што, како некој кој има црна кожа, не смее да има конзервативни ставови за прашања како што е абортусот. Во очите на бесните разбудени агитатори кои го шиканираат Томас многу повеќе отколку другите судии кои гласаа исто, тој не само што донел лоша правна одлука - тој ја предал и својата раса.
Неговиот грев е двоен: го поткопа правото на абортус и не ја исполни својата расна должност да кимнува со глава на секоја „прогресивна“ идеја. Тој е расен престапник, лош црнец и затоа мора да биде посериозно казнет од белците на Врховниот суд. Дами и господа, ете го злото на разбудениот расизам.
Штотуку сведочиме на еден од најјасните примери досега како идентитетската политика преминува во флагрантен расизам. Прогресивците никогаш не го сакале Томас, кој служи во Врховниот суд од 1991 година. Иако тој е само вториот Афроамериканец кој дошол таму, за левичарските елити тој е погрешен вид Афроамериканец, така што тоа историско достигнувањето не му се брои. Тој е и - „решителен и не се извинува за тоа“, како што самиот вели - католик - и оттука не е раат со абортусот или истополовите бракови.
„Чекај, мислев дека сите црнци се поддржувачи на БЛМ, про-транс, храбри и дрски прогресивци како оние што ги познавам од Твитер?“, речиси можете слушнете како се чуди левуичар од високата средна класа. Да го парафразирам Бајден: „Тој не е црнец!“.
Затоа беше неизбежно да му се истури сета злоба на гневните левичари кои во неговиот случај го користеа дури и проскрибираниот збор црнчуга. Го нарекуваа „црниот роб“ и, се разбира, „чичо Том“, односно “чичо Кларенс“.
Добре дојдовте во извртениот морален универзум на Силициумската долина, каде што може доживотно да ве забранат затоа што ќе употребите „тој“ за некој кој има пенис, но можете среќно да сурфате на бранот ретвитови на расни навреди за високопозиционирани црнци.
Зад ова разбудено бичување црнци со „погрешни“ ставови стои многу грда идеја: дека црнците, заради кожата, по дифолт припаѓаат некаде, во случајов, кај „прогресивците“. Дека тие мора да бидат разбудени, или барем Демократи или Лабуристи. Ако не се, нешто не е во ред со нив.
Ова е длабоко понижувачко за црнците, без разлика дали се работи за обичните гласачи или за судијата Кларенс Томас, кои, спротивно на расните предрасуди на будниот блок, се совршено способни да дојдат до свои заклучоци за политиката и моралот. Тоа е суштински расистичка идеја, имајќи предвид дека ја сведува цела раса на луѓе на монолитен блок во кој сите мора да размислуваат и да се однесуваат на ист начин.
Ако не, тогаш повторно стануваат црнчуги.