Одлуката која следната недела треба да биде гласана од градското собрание исто така им забранува на сите вработени на градот да одат на службени патувања во Тексас. Орегон, сојузната држава во која се наоѓа Портланд, е една од најоддалечените од Тексас.
Од канцеларијата на градоначалникот изјавуваат дека ембаргото ќе трае се додека новиот закон не биде повлечен од Тексас или отфрлен на суд.
Најспорното во новиот закон за абортус на Тексас е дека абортусот се забранува во првиот момент кога ќе се идентификува срцева акција на фетусот, што обично се случува некаде по почетокот на шестата недела од бременоста. Законот технички и забранува на сојузната држава да ја спроведува забраната за абортирање по срцева акција, меѓутоа овластува приватни граѓани да започнат граѓанска постапка против секого кој помага или овозможува абортус „што може да опфаќа и возач кој разговара со некого во клиника“.
Градските власти повикаа и други луѓе на функција да го следат нивниот пример со бојкотирањето на Тексас.
Тие не објасниле точно како планираат да ја спроведат во пракса одлуката за ембарго.