Откако ги изложуваат своите аргументи во форма на топлес драње во сала, кое трае додека обезбедувањето да ги прибере и испрати, министерот Шпан од говорница им порачува:
„Разголувањето нема да ви заврши многу работа кај мене. Ништо не ми значи.“
Шпан од 2012 е отворено геј.
Прашањето против кое се бунтуваат Фемен е одлуката на германското министерство за здравство да спроведе студија дали абортусот има психолошки ефекти врз жените.
Девојките се против какво било истражување на темата, бидејќи по нивна логика ако се открие нешто негативно тоа би можело да се користи како аргумент против правото на абортус.