Саси е една од таквите апликација која добива на популарност а служи за давање позитивна согласност за стапување во интимни односи со некого.
Резултат е на една атмосфера настаната по долги години контроверзи и скандали околу студентскиот секс и односот на универзитетските власти кон случаите на насилства. Во 2014, администрацијата на Обама извади листа од 55 универзитети и колеџи кои се под истрага заради начинот на кој процесирале некои случаи во нивна јурисдикција.
Професионалци кои со овие теми се бават долги години, сметаат дека апликациите кои се замислени да им дадат поголема моќ на потенцијалните жртви можат да водат во сосема спротивен правец бидејќи го укинуваат вистинскиот дијалог околу битните прашања, како што е на пример, што е согласност за интимни односи, во кој опсег и околности тој важи, како се прекинува и друго.
Да не зборуваме за можноста некој да биде технички намамен преку апликацијата да даде согласност за секс а потоа пред суд виновникот да се оправда со писмената потврда (има апликации и со видео снимки како потврдување на желбата за секс).
Во некој следен апгрејд на Саси и сличните веројатно ќе се понуди жанрот за кој се дава согласност, па подоцна ќе се понуди посакуваното времетраење на сексуалниот чин за на крај, од толку пополнувања формулари, на човек комплетно да му скурчи од секс и да се препушти на слободата на Порнхаб на кој може да биде вистински господар на својата сексуална судбина.