- Беа тоа години на шарените и на нивното дивеење. Се сеќавате, тогаш тука се појави и Би-Би-Си кој деновиве се прослави со Трамп. И ја направи онаа „славна“ епизода за Чарлиевите ангели. За Катица, за Ленче и Фатиме. Трите грации на Бејли, на Гарет, на другите потрчковци околу нив и на корумпираното и противуставно СЈО. Години на Заев, години на прогон, на терор, години на инквизиција во Македонија. Години кога многумина се разболеа, некои и умреа, еден се самоуби, години кога на многумина невини во пет наутро дома им влегуваа специјалци, години кога многумина беа затворени. Не зашто сториле криминал, му беше сеедно на Заев за тоа, туку за да бидат уценувани.
- А, оние вистинските криминалци се пазареа. Со нас и со Македонија. Како оние осум предавници кои и денес уживаат и како оние кои не гласаа зашто не беа во парламентот, ама отстранаа поттикнуваа да се изврши предавството, за да го зачуваат тоа што го украле.
- А, зад сите нив застана онаа сурија на неписмени, некадарни и продадени „северни“ Би-Би-Си-евци од Македонија. Кои шетаа низ Македонија, надгледуваа, наутро жигосуваа, а попладне одеа на шалтер да си ги земат доларите и еврата. И по некој денар заработен на пазарот во Горни Милановац.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.