Наместо со „прашањето за името сексот“ со кое беше преокупиран Хари, студијата се фокусира на она што реално би можело да биде основа на вистинскиот проблем: како мажите и жените го дефинираат пријателството.
Додека жените ги доживуваат своите најдобри пријателки како нешто помеѓу сестри и сродни души, мажите ги гледаат своите како друштва за убави работи. Ова го открива еволутивниот психолог Робин Данбар проучувајќи ја судбината на пријателствата на оние што заминале од својот град.
„Она што кај девојките е пресудно дали некое старо пријателство ќе преживе се муабетите по телефон. Истото тоа е тотално небитно за машките пријателства. Тоа што нив ги држи е дали имаат прилики заедно да прават работи: да одат на пијачка во паб, на фудбал, да играат карти“, објаснува Данбар.
Според него, жените имаат поблиски и поинтензивни пријателства. Машките не би да влегуваат толку длабоко. Тие имаат 3-4 другари со кои им се дружи, а тоа да биде опуштено. Ако некој не им е при око, не им е ни при памет.
Без разлика дали се работи за разлика во природата или во растењето, мажите едноставно не ги гледаат пријателствата исто како жените. А сексот ретко е проблем во стварноста. Најчесто проблемот е практичен, кој колку време и желба може да вложи во сослушување на женските исповеди. Што не е лесно ако знаеш дека другарите веќе те чекаат на шанк.