Во мала земја не е доволно да гуглаш некого. Ако пребарувањето по Гугл или Фејсбук го запалат црвеното сијаличе за некој со кој би се впуштиш во врска, во Исланд се оди на финална проверка, во книгата на Исланѓани.
Íslendingabók е онлајн датабаза со целосна семејна историјата на 720.000 Исланѓани, живи или починати. Постои веќе 13 години а направена е со комбинација на државните и црковните записи. Денес секое новороденче автоматски се впишува во книгата, а посвоените деца подоцна можат сами да решат дали ќе остават трагови за нивните биолошки родители.
Книгата пренствено била наменета за генетски и генеалошки истражувања, но во време на интернетот таа почнала првенствено да служи како дејтинг апликација, да се провери дали семејните гранки на потенцијалниот партнер евентуално потекнуваат од истото фамилијарно дрво.