Според сторијата на Јунајте џуз, 54 годишен маж решил да се почасти со сексуална работничка за да сфати дека тоа е жената со која 17 години е во брак.
Им рекол на домашните дека оди на пијачка со колегите но наместо тоа, заминал во мотел, се закачил на интернет и букирал проститутка опишана како „атрактивна 26 годишна девојка“.
На фотографијата била прикажана од главата надолу а тој очигледно не бил детално запознат со торзото на својата жена.
Кога се сретнале, номално, не се знае кој од кого бил поразочаран. Факт е дека таа би имала аргумент повеќе - настрана моралот на кој двајцата паднале, во однос на финансиите таа е во предност бидејќи во случајов е на приходната страна на домашниот буџет, за разлика од маж ѝ.
Дополнителен удар за него е и правниот аспект на случајот бидејќи може да одговара за ангажирање секс за пари. Иако е тоа неговата сопствена жена а плус не добил 26 атрактивна девојка туку 48 жена од која и побарал одушка. Ама законот за заштита на потрошувачите во моментов не му дава право на рекламација.