Објаснувајќи за порното и зависноста од него Кели Литл во Тоник работата ја поставува на следниот начин:
1. Порното е како леплив забавен парк, светкав, шарен и забавен.
2. Реалниот живот е само реален живот.
3. Ако секој ден по цел ден си во забавен парк, враќањето во реалниот живот ќе ти биде помалку забавно, и помалку светкаво.
4. Исто важи и за сексуалната возбуда.
Што е најлошо што може да се случи од премногу порно? Според терапевтот за брак и семејство Џулијана Морис, следното:
"Количината време што некој ја минува во гледање порно (може) негативно да влијае на различни аспекти од неговиот или нејзиниот живот, врски, интимност, можност за оргазам, наоѓање возбуда без него, работа, и.тн. Има степени на негативни последици и субјективност за тоа што е сериозен проблем а што 'само вознемирување'.
За некои, кои не можат да добијат ерекција без порно - заради количината на порно што ја консумираат - тоа е ужасна последица затоа што тие не можат да имаат секс со својот партнер/ка."
Според Морис проблем за пациентите е и што не можат да најдат терапевт кој е експерт за порно и сексуална зависност и злоупотреба, заради што ако се случи зависност обично минува многу време за таа да се излечи.
Ставот на Линзи Г, авторката на книгата „Гледајќи порно“, е дека не е ништо страшно ако седнеш и направиш порно маратон, кој најверојатно ќе резултира со "оргазам и можеби неколку нови идеи за позиции или техники за заведување". Таа објаснува дека човековите сексуални желби се толку многу разнолики, "што може да се повредиме ако се обидуваме да бидеме 'нормални'".
"Главното прашање што треба да си го поставиш е дали можеш да функционираш во животот и дали ти или други луѓе сте повредени од тоа што го правиш.
Ако сето тоа е океј и ти си среќен, тогаш најверојатно ги задоволуваш своите потреби на здрав начин. Многу порно не е лоша работа ако ти помага да тераш најдобар живот што може," порачува Линзи Г.
Една препорака од експертите е - верност кон порното. Односно наместо да вртиш низ рандом клипови, да одбереш една продукција што ти се допаѓа и да се посветиш на нивните видеа. Ќар од ова е што ќе имаш на располагање поквалитетно порно, и ќе ги поддржиш (платиш) луѓето кои го изработиле материјалот.
Морис препорачува да се зборува за порното со други луѓе исто како што зборуваш за општи теми: омилени сајтови, колку пати гледаат, што мислат за тоа и слично.