Како што рестораните стрепат од оценките кои ќе ги добијат на Трип Адвајзор или слично на изнајмувачките капацитети чии бизнис зависи од оценките на ЕР БнБ, по најново, и сексуалните работнички ќе треба да проверуваат како се држи нивното онлајн реноме.
За тоа служат веб платформи како што е ПунтерНет кои ги храбрат посетителите да остават свои забелешки и видувањата за тоа како поминале со конкретна проститутка или ескорт девојка, и тоа знае да содржи секакви детали, од оценки за телото на изнајмената работничка до рецензии за нивното однесување и став кон работата. Потоа таквите оценки им стануваат битни на останатите заинтересирани и можеби пресудни што ќе одберат од каталогот.
Коментарите и рецензиите знаат да кријат тешки женомрзечки ставови и огромно непочитување кон интегритетот на девојките од бизнисот (таквите ликови главно се мразат себе што мора да користат такви услуги па после им се истураат на девојките) а некои најискрено се чудат ако забележиле дека курвата не уживала во сексот со нив.
Во едно ривју, познавач на приликите оценува девојка која “е нова и прекрасна“ ама потоа искажува разочараност од тоа што малку се трудела да им биде забавно. Друг има поплаки дека девојката му одговарала со многу кратки одговори и му се жалела дека е уморна. Некои се жалат на тоа дека не им било дозволено да се лапаат а има и до толку незадоволни муштерии кои порачуваат дека е попаметно луѓето да се задржат на гледање порно на интернет.
„Некои луѓе се подготвени да да те исплукаат без никаква основа и се чудам како некои девојки успеваат да продолжат со работа откако ќе прочитаат што сè нивните клиенти мислат за нив“, вели една од девојките на платформата која пружа сексуални услуги.