За да утврди што точно им се случува, шведската влада ќе започне три годишна студија на сексуалниот живот на нивните граѓани, која треба да утврди на што се должи падот на сексуалната активност во земјата.
Министерот за здравје, објаснува дека последната ваква студија е спроведена пред 20 години, и од тогаш медиумите постојано објавуваат за пад на сексуалната активност во земјата.
Главен осомничен за разочарувачкиот тренд за сега е стресот. Министерот има и забелешка дека и покрај сеприсутноста на сексот во секојдневниот живот (од реклами до социјални медиуми) шведското општество се уште е многу затворено, а "темата е обвиена во срам, заради што и таа е отсутна од политичката дебата."
"Сексот не е, и никогаш не бил, чисто приватна работа. Сексот исто така се однесува и на човеково здравје, и од таа перспектива, ова е политичко прашање," изјавил министерот Габриел Викструм.
Резултатите од студијата ќе бидат објавени во јуни 2019.
Данците кога имаа сличен проблем, ја создадоа кампањата "Направете го тоа за Данска":