Во Кувајтскиот емират хомосексуалноста е криминализирана како дел од општиот поим „разврат“ и властите се горди што имаат нулта толеранција кон неа. Во 2017 година имаат протерано 76 хомосексуалци и затворено 22 сомнителни салони за масажа.
За неволјата да биде поголема, еден од водечките истражувачи на оваа тема во земјата се пофали дека дошла до ефикасен лек за проблемот. Супозитории кои ја „убиваат“ погрешната желба. Доктор Мариам ал-Сахел вели дека нејзиниот лек произлегува од „мохамеданската медицина“ и дека е чиста наука.
Теоријата зад лекот е прилично бизарна. Според докторката, хомосексуалните нагони се резултат на сексуален напад после кој во аналниот отвор останува црв кој се храни со семе и тој ја прави белјата. А чепчињата го решаваат црвот.
„Сите тие наводни лекови против хомосексуалност или чудотворни напитоци за геј конверзија кои доаѓаат од религиозни фундаменталисти се обично шарлатанство и зборуваат за менталниот склоп на нивните промотери, без разлика дали доаѓаат од католички кругови или од луѓе како ал-Сахел,“ вели германскиот ЛГБТ експерт Волкер Бек за Ерусалим пост.
Во 2017 година Кувајт извади „геј сцена“ од Дизниевиот филм „Убавицата и ѕверот“.