Барањето на пратеничката на Лабуристите, Сара Чемпион, е владата да престане со исплата на помошта за фирмата Килинг китенс.
Чудењето на сопственичката на Килинг китенс, Ема Сајл, е дека нападот звучи како да доаѓа од 60-годишен машки пратеник, а не од некој кој работел на унапредување на правата на жените (Чемпион е поранешна министерка во сенка за жени и еднаквост).
„Ако таа се распрашаше и истражеше како што треба ќе знаеше дека се залагаме за голем дел од тоа за што таа се бори,“ порачала Сајл.
Сопственичката објаснува дека фирмата работи на еманципација на жените, дополнувајќи дека на секс забавите што тие ги организираат, на мажите не им е дозволено да се приближат до жените освен ако тие сами не ги поканат.
Парите што ги бара Килинг китенс е за создавање социјална мрежа што ќе биде комбинација меѓу Фејсбук и Бамбл, апликација за лични контакти во која само жените можат први да иницираат контакт со мажи. Сајл објаснува дека нивната мрежа ќе овозможи и рекламирање на компании за возрасни, како производители на секс играчки, нешто што другите социјални мрежи не го дозволуваат.