На својата официјална Твитер сметка, њујоршкиот департмент за здравје и ментална хигиена неодамна го твитна ова:
„Бакнувањето може да го рашири ковид-19, исто како и римингот (да не објаснуваме сега детали - н.з.). Мастурбирањето НЕМА да го прошири ковид 19, особено ако редовно ги миете рацете (и секс играчките) со сапун и вода“.
Претходно, истиот департмент објави подолг меморандум за тоа што е безбеден секс во време на пандемија. И таму се препорачува мастурбирањето како најбезбеден глагол на постигнување сексуално задоволство, втор по ранг е партнерот со кој се живее (во изолација), се препорачува да се избегнуваат сексуални контакти со аутсајдери а ако некој е навикнат да наоѓа партнери онлајн - малку да заборави на тоа и да се задоволи со секс четови, секстирање и слично (при што може да се користи со партнерот број еден).
Бројни се студиите за здравствените бенефити на мастурбирањето, од намалување на стресот, до јакнење, не само на раката, туку и на имунолошкиот систем.
********
Види и:
Своерачна легислатива (каде смее а каде те маваат затоа што си го мавал?)
Живописни изрази за мастурбација во различни јазици
Самозадоволувањето како инспирација