„Полирање на саламата“, „ракување со претседателот“ или „поздравување на невработениот“ се некои од еуфемизмите во шведскиот, романскиот и рускиот за машкото „општење“ со самиот себе. Во англискиот едни од најживописните се „полирање на семејниот накит“, „мавање на мајмунот“ или „бањање на делфинот“.
Иако наведените тешко дека би можеле да се употребат во женски род, во јазици како јапонскиот има такви кои повеќе звучат како да се однесуваат на женска мастурбација („илјада триежи“). Данското „мавање по киклопот“ е едно од најзагодичните, иако станува појасно ако се толкува како борба со опасно чудовиште. Французите и Швеѓаните имаат и изрека „да го расплачеш Исус“ (или ангелите) што е веројатно под силниот притисок на црквата, која го прогласува самозадоволувањето за грев.
Сепак, Скандинавците се изгледа меѓународни шампиони во ваквите изреки, со „качувајќи се по кожниот лифт“, „свирење на кожна флејта“ и „полирање на свински меч“. Швеѓаните од 2015 го имаат и „клитра“, специфично женска мастурбација.
Како што изјавил Марк Твен во 1879, кога на подиум на еден џентлменски клуб во Париз одржал предавање на тема „Неколку мисли за науката на онанизмот“ (за што пишувавме тука), мастурбацијата е еден од доказите дека човекот (подвид: маж) сепак потекнува од мајмун:
Мајмунот е единственото животно, покрај човекот, коешто ја практикува оваа наука - оттаму тој е наш брат, помеѓу нас постои врска на сочувство. Дајте му на ова восхитувачко животно публика од соодветниот вид, и тој веднаш ќе ги остави на страна сите други работи со кои се бави во моментот, и ќе си го „измава" - тогаш ќе ја видите сета екстатичност со која тој ја врши оваа работа, со интелигентен и човечки интерес кон сопствената изведба.
Поврзано: Самозадоволувањето како извор на писателска инспирација
Ако знаете интересни изрази за оваа работа во македонскиот сленг или дијалекти тука