Дркање, тикнање, ма’ање..тешко дека некој може да промаши за што станува збор кога ќе се употребат овие глаголски именки во македонскиот. Но во некои други јазици заради табуто на самозадоволувањето (или од чисто поетски причини), изразите се толку метафорични што човек може да мисли дека станува збор за нешто сосема друго.
Денес, 30 септември е Меѓународен ден на преведувачите, поврзан со Св. Јероним Стридонски, кој се смета за заштитник на овој еснаф. А ним, кутрите, понекогаш навистина им треба некој со натрприродна моќ за да им ги шепне преведувачките решенија.