65 годишниот човек бил приведен откако јавно мастурбирал на плажа во Стокхолм. Но, судот го ослободил бидејќи проценил дека неговиот чин не бил насочен кон никој друг (хмм, нели баш тоа е финтата?).
По светот изгледа вака:
Индонезија: декапитација?
Многу извори на интернет сугерираат дека казна за јавно мастурбирање во оваа земја е сечење глава. Но, педантните од Гардијан утврдиле дека според член 281 од тамошниот законик, максимална казна е 32 месеци затвор.
Велика Британија: 14 дена затвор
Англичаните нашле за потребно да го ргулираат ова прашање уште во 1847-ма. Тогаш се забранува секое "намерно и непристојно" изложување на својата "персона" (под персона се мисли на пенис) на јавни места. Казната зависи од околностите ама отприлика 2 недели "самување".
Бразил: Осет за специјални потреби
Во 2011-та, Бразилка ги носи на суд своите работодавци откако извадила лекарско уверение дека има органска потреба да мастурбира 47 пати на ден. Судот донесува одлука дека на секои два работни часа треба да и се даде 15 минутна пауза.
Саудиска Арабија: 3 години и 300 камшици
Темава се третира слично на хомосексуалноста, пушењето и музиката кои, во тамошните толкувања се забранети со Исламот.
Алабама: илегално е ако е со опрема
Во САД, федералните држави има различни решенија. Алабама не ги сака мрзливите па во 2009-та забранува "продажба на секој уред кој првенsтвено е наменет за стимулирање на гениталиите." Во Тексас, на 1-ви јануари 2014-та ќе стапи на сила забрана за сите форми на машка мастурбација, освен во случаи на донирање сперма кое мора да биде изведено во посебни болнички услови. Оваа држава има долга традиција на полемики околу онанијата. Најлуд предлог, од конгресмен: Да се забрани абортус после 15-тата недела затоа што на таа возраст, машките фетуси се веќе способни да мастурбираат?!