Најголемиот продавач на секс-играчки во земјата објави дека продажбата нагло им пораснала за три пати откако премиерката објави 1-месечен карантин.
Со новите правила жителите смеат да излезат од дома само за да се снабдат со основни потребштини и услуги, или за да се прошетаат (веројатно затоа што држењето дома на здрави и прави луѓе без престан удира и на здравје и на психа).
Освен што скокнала продажбата, се забележува и дека Новозеланѓани периодов посегнале по играчки, помагала и аксесорис, кои претходно главно ги игнорирале.
„Продаваме многу играчки за почетници... нашата програма за почетници е многу популарна. Изгледа како луѓето да почнале да размислуваат: ’Имам време, може ќе пробам нешто ново,’“ изјавила портпаролката на Адулт тој мегастор.
Ланецот продавници е прогласен за неопходен сервис од владата на Нов Зеланд, па дозволено му е да работи за време на националниот карантин. На компанијата ова и успева затоа што продава кондоми и медицински предмети.