Не е лесно да си маж во Нигерија

Пошто од мажите се очекува да бидат галантни со пари кога се среќаваат со девојка и тоа им правело притисок, направиле „Лига на штедливи мажи.“ Да подобјасниме: на англиски е „stingy“, на женски е „стипси“, а на машки - „домаќини“. 

Нема веќе да плаќаме дебели пари на првите состаноци, нема да се арчиме на скапи подароци, нема да позајмуваме големи пари кога ќе ни побараат... стои во манифестот на машката нигериска лига која сака да стави крај на локалниот кодекс на однесување при наоѓање партнерка.

Станува збор за една бенигна и лефтерна заебанција која е реакција на реалната ситуација и фактичката состојба за која многумина мажи мислат дека е нефер.

„Тешко е да си маж во Нигерија, постојано сме под огромен притисок. Секој нешто очекува од тебе. Мажите не треба да бидат гледани како банкомати. И ние сакаме да бидеме тинтрани,“ вели за БиБиСи еден 35 годишен новинар од Лагос.

Како и секаде, и таму има спонзоруши меѓу девојките ама па тие викаат дека машките и онака им пристапуваат главно заради секс па кога веќе нешто сакаат да добијат, нешто треба и да дадат. Класична приказна, трансакциона.

„Кога бев ерген, на вечера однесов девојка и имав пари колку за нас двајцата. Ама таа дојде со другарка. Поштено се изнајадоа а немав толку пари па морав да го оставам часовникот за да ја затворам сметката“, се сеќава горенаведениот паталец.

Во име на „Лигата на штедливи мажи“ се појавила и апликација која, за само неколку дена, ја симнале преку 50.000 мажи. Меѓу другото, за да добијат „членска книшка“, мажите треба да се заколнат дека жените од нив ќе добијат „шипки“ (нигериски: "shishi").

Жените не се сигурни дека ваквото машко чаталење ќе потрае и дека тие знаат да се држат до некакви заклетви.

„Беше доволно еднаш вака да се облечам за тој да се откаже од Лигата,“ постираше една Нигеријка.

 

19 март 2021 - 12:27