Продолжувањето со работа на меинстрим порно студијата започнува благодарејќи на иницијативата на ФСЦ групата (Free Speech Coalition), кои се решаваат на укинување на забраната и покрај тоа што сметаат дека се уште не е безбедно да почне да се работи, и ги поттикнуваат актерите уште некое време да се воздржат.
„Знаеме дека има многу независни продуценти кои се соочуваат со тежок избор околу тоа дали можат финансиски да преживеат.
Нашиот план цело време е да им дадеме насоки за начините на кои можат да го намалат ризикот, а истовремено јасно да им кажеме дека не можат да се приближат кон елиминирање на ризикот,“ објаснува портпаролот на ФСЦ.
Заедно со дозволата за снимање, ФСЦ објави и листа на насоки за екипата и актерите, па по ново сите треба да носат маски за време на снимање (актерите не за време на сцена, но цело време дур камерите се изгасени), ковид-19 тестови 24 часа пред снимање (кои ќе бидат платени од продукциите), да не се користи УБЕР за превоз, и на актерите/актерките да им се плати еден ден хотелски карантин на ден пред снимањето, а за секој случај се следат и профилите на порно ѕвездите на социјалните медиуми, некој од нив да не бил излезен во гужва и слично.
Една од главните промени што ќе биде е ограничување на бројот на луѓе што во еден момент можат да присуствуваат на снимање на не повеќе 5-6 луѓе екипа и перформери. Освен некои од понапредните размени на телесни течности кај некои од фетиш категориите (плукање, уринирање...) се препорачува внимавање и избегнување и на стандардно бакнување.
Откако низ месеците карантин добар дел од порно ѕвездите почнаа недостатокот на приходи од снимање да го надоместуваат преку претплати на лични профили како ОнлиФанс или ФанЦентро, сега на студијата им е проблем да ги „извлечат од дома“ овие порно-ѕвезди за кои ваквиот начин на работа е многу побезбеден и без ризици како одење на снимање за некое од порно студијата. Од ваквото намалување на бројот на достапни таленти најкритично е кај МИЛФ секторот, кои се најмалку волни повторно да се пуштат во оптек во ризични средини.