
На примерите што Њујорк пост ги собира од Инстаграм, неименувани танчерки во штикли и танга шпартаат по подиум прекриен во банкноти од 1 долар (стандардниот апоен во американските стриптиз клубови).
Во сосема друго видео (а веројатно и клуб) но повторно во Мајами, музичарот Пост Мелоун од картонска кутија раздава фино спакувани купчиња со банкноти од по 1 долар на друштвото што за Супербол денот дошло со него на стриптиз, а и на гости во клубот.
На некои клипови се гледа дека и гостите се послужиле со парите оставени за танчерките.