Лана Роудс тврди дека порно индустријата е 100% лажна, признавајќи дека таму се чувствувала како циркузант и откри дека во живо е „прилично асекусална“. Денес 26-годишната девојка која кариерата ја започнува на 19 години порачува дека „никому не му ја посакува“ порно индустријата.
Во отворено интервју за The Skinny Confidential Him & Her Podcast, Лана призна дека „не била дорасната“ за како тинејџерка да се истакне меѓу возрасните. Меѓу другото, за Лана е проблематично и „морањето да се има секс со луѓе кои не сте ги избрале“ како навидум составен дел од целата работа.
За брзата слава со која се стекнала релативно рано во животот, изјавува:
„Откачено е кога ќе донесеш една таква одлука на 19 години... и кога ќе станеш најголема порно ѕвезда на светот.“
Денес, инфлуенсерката Лана вели дека она што ја привлекло кон таквиот живот е магнетната сила на гламурот, но ја окарактеризира индустријата и како „заразена со дрога и алкохол“.
Голем фан била на реалното шоу кое ги следи животите на жените на Хју Хефнер, „Грлс некст дор“. Таа денес е ангажирана за Плејбој и забележува дека се работи за „целосно поинаков бренд“ од тоа што некогаш бил. Мајката на деветмесечен син која сега работи и како моден дизајнер, вели дека не се кае иако не е „супер горда на своето минато.“
Барајќи скратен пат до угоден живот, таа вели сфатила дека „за да снимаш порно треба стварно да имаш секс со некого“ а додава и дека од моментот на ова сознание, спиела само со еден маж.