Законот за дефинирање на непристојност се повикува на Законот за комуникации од 1934 и во него се тврди дека „непристојноста не е говор заштитен со првиот амандман“. Според предлагачот, сенаторот Мајк Ли од Јута, „непристојноста е тешко да се дефинира (а не па да се гони) преку сегашниот тест на Врховниот суд за непристојност: Милеровиот тест“.
Тестот, кој потекнува од судскиот спор меѓу Мелвин Милер и Калифорнија од 1973, дава насоки кои поротниците треба да ги следат кога работат на случаи на непристојност, меѓу другото и:
„Дали просечен човек користејќи се со актуелни општествени стандарди ќе смета дека делото, земено како целина, тежнее кон похотни интереси, дали делото претставува или опишува, на очигледно навредлив начин, сексуално однесување конкретно дефинирано од спроведлив државен закон, и дали на делото, земено како целина, му недостасува литературна, уметничка, политичка или научна вредност.“
Иако создавањето и дистрибуцијата на сексуални содржини моментално е легална во САД, законот на Лин бара повторно воведување на правилата за непристојност од законот од 1934, кои опфаќаат отстранување на содржини „што се наклонети кон похотни интереси во голотија, секс, или излачување, претставува, опишува или покажува вистински или симулирани сексуални акти со очигледна цел да надразни, возбуди или задоволи сексуални желби кај човек, и... му недостасува литературна, уметничка, политичка или научна вредност.“
Законот се проценува дека би бил погубен за порноиндустријата, и од противниците е толкуван како уште еден обид на конзервативците да го цензурираат слободниот говор и сексуалното изразување.