Се работи за Универзитетот во Аугсбург, каде за време на Студентската конвенција требало да се одлучи дали да се издупчат вкупно 3 дупки во параваните во јавните тоалети низ универзитетот кои би послужиле за секс.
Против предлогот биле членовите на Здружението на христијанско-демократски студенти, кои во отворено писмо до претседателот на универзитетот порачале дека таквите дупки „не само што се недолични, туку и крајно скандалозни и неприфатливи.“
Иако дел од присутните на конвенцијата биле за спроведување на предлогот, соломонското решение околу целата ситуација било тој да се смета за сатиричен, за што и гласаат најголем дел од учесниците.
На истиот став е и управата на Универзитетот која целата работа сака да се смести под „деца си играат“, меѓутоа дел од вработените објаснуваат дека предлагачите се толку прогресивни што предлогот воопшто не го даваат како шега.
Самото барање е прилично детално разработено, па во него пишува дека треба да може да се подесува висината на дупките, а на самите прегради да има поставено и рачки за човек да може да се држи за нив.
„Светлата треба да може да се стишуваат и да биде поставена подлога за колената. Кондоми, лубриканти, средства за дезинфекција и влажни марамици треба да бидат бесплатно достапни, а ќе бидат потребни и канти за ѓубре,“ пишува во апликацијата.
Околу потребата за глори-хол на универзитетот предлагачите објаснуваат дека „тоа ќе придонесе кон разноликоста на кампусот, а како перверзија исто така треба да биде доживеана и искусена на универзитетот.“
„Сексот може да биде и релаксирачка активност, која може да биде многу корисна во често пати стресниот секојдневен универзитетски живот. Намалувањето на стресот што би се постигнало ќе обезбеди позитивна работна атмосфера на кампусот,“ се порачува во предлогот.
Еден од предлозите кои беа усвоени на конвенцијата беше изградба на споменик за универзитетската мачка Леон, која починала на 14 септември.