За да се нагласи поентата дека Прајд повеќе не е протест против вистинските предрасуди во општеството, овогодинешниот марш во Лондон беше предводен од Инстаграм инфлуенсерката Јасмин Беноа, жена која се идентификува како „асексуална“ (да си асексуален во заедница за сексуална слобода, нели е исто како да се декларираш како месојад во групата вегани?). Градоначалникот на Лондон Садик Кан насмеан се сликаше до Беноа, додека таа позираше во мрежи и ПВЦ бикини за да биде прикажана на огромниот електронски билборд, заедно со слоганот „Асексуалците се собираат“.
Останува нејасно како несакањето секс е поврзан со дискриминацијата со која се соочуваат жените лезбејки и геј мажите.
Истовремено во Лондон имало помал настан во знак на солидарност против вистинската дискриминација. На маргините на големата Парада од 30-тина илјади луѓе, била група од околу 150 лезбејки на плоштадот на Парламентот за да протестираат против упадот на транс идеологијата во она што порано беше настан за хомосексуалците. Тие немале спонзорства за брендови, билборди и поддршка од познати личности. Садик Кан не поминал да се сликне. Организаторите морале скришум да го планираат својот настан за да го избегнат вниманието на транс-активистите, кои рутински испраќаат закани и се обидуваат да ги попречат ваквите средби само за жени.
„На постарите жени кои беа вклучени, ова им врати сеќавања на хомофобијата што ја доживеале во нивната младост“, пишува Џо Бартош.
Таа смета дека отпорот кон меинстрим Прајдот полека се гради во рамките на ЛГБ заедниците. Викторија, лезбејка која детранзитирала откако се идентификувала како трансродов маж, вели:
„Колку помалку ни служи Прајдот, толку повеќе жени ќе се организираат на друго место. Ова го гледам како почеток на лезбејската ренесанса, растечко движење за лезбејките насекаде. Сестринството се враќа“.
Денес на Запад да излезеш и јавно да не ја прифаќаш транс идеологија значи да ги ризикуваш своите пријателства, кариери, па дури и безбедноста. Во 2018 година, лезбејската феминистичка група „Get the L Out“ маршираше на лондонскиот Прајд со транспаренти „Лезбејките не се Квир“ и „Транс активизмот ги брише лезбејките“. Едногласно беа осудени од меинстрим ЛГБТ печатот а организаторите на Прајдот ги етикетираа за носители на „предрасуди, незнаење и омраза“.
„Пред половина век, хомосексуалците кои се осмелуваа да организираат паради на гордоста се соочуваа со малтретирање од полицајци и од случајни минувачи. Лондонскиот „Прајд“ и модерното „квир“ движење ја воскреснуваат оваа одвратна хомофобија. За среќа, постојат лезбејки кои вдишуваат живот во борбата“, пишува Бартош.