26-годишната Ашли од Мисисипи прво прави домашен тест, па потоа и не-дијагностички ултра-звук, кои и покажуваат дека е трудна и дека најверојатно има близнаци.
По ова таа оди на гинеколог кој и соопштува дека не се две, туку се пет, и тоа две машки и три женски.
Ашли моментално е до 25 недела, а докторите се надеваат дека таа ќе издржи до 34, „бидејќи колку се подолго, толку е подобро“. Таа објаснува дека не само што не била на никакви лекови за забременување, туку со сопругот воопшто не се ни обидувале таа да забремени.
Според докторите, „петки“ има отприлика на секои 60 милиони породувања.