„Неженет. Без деца. Не е во целибат. Атеист“. Вака се идентификува 53 годишниот армиски офицер за сајбер операции кој најверојатно ќе изгуби од демократскиот противкандидат Џери Надлер во 12-от конгресен дистрикт на Менхетен.
Последна надеж му е 13 минутниот филм кој деновиве го постираше на популарна порно платформа во кој има секс со порно работничката Никол Сејџ.
Сака да го сврти вниманието на една од негови главни предизборни пораки, за легализација на сексуалните услуги и експлицитно озаконување на сексуалните права.
„Ако само зборував на оваа тема, немаше да ја покажам мојата посветеност,“ вели Иткис кој освен за ова, се залага и за тоа „мажите да не мора да ги поддржуваат биолошките деца ако за тоа нема претходен договор.“
Иткис и лани има снимено порно филм но вели дека не е егзибиционист, напротив, бил интроверт.
Неговиот предизборен потег наиде на разбирање кај кандидатот на Републиканците.
„Што мора да се направи, мора да се направи. Во овој град медиумите игнорираат секого кој не е од редовите на Демократската партија,“ коментираше републиканецот Мајк Зумблускас.