Во 50-тите и 60-тите години млеко се доставувало до врата. Во Сан Диего и околината, меѓу другите, тоа го правел и Рендал Ренди Џексон.
Бил убав дечко во тоа време па станал омилен кај домаќинките кај кои доставувал млеко обично кога нивните мажи веќе биле на работа.
Знаете како тоа оди, влезете на кафе, да ми ја пробате питата, само што ја извадив од шпорет... и тој брзо развил фини, топли и присни односи со својата клеинтела.
Најновата манија за ДНК тестирања во САД, на денес 97 годишниот Ренди му носи интересни вести: дека тој најверојатно е татко на преку 800 деца кои тие години биле зачнати во Kалифорнија, во тој реон.
Тоа биле дискретни времиња, без вишок технологија, па вонбрачните излети можеле да останат скриени.
Ренди и неговата сопруга никогаш немале деца. Најјако е што тој сиот свој живот верувал дека е стерилен.