Пред нешто повеќе од четири месеци, пронаоѓачот Брајан Слоун регистрирал патент за „контрола на уреди за сексуална стимулација со помош на електроенцефалографија“. На 49 страници и 31 графикони и илустрации, се објаснува како едно лице може да ги искористи своите мисли за да командува сексуална играчка со својот ум.
Слоун е пронаоѓач на Аутоблоу, механички мастурбациски ракав кој имаше неколку верзии. Првата, лансирана во 2008 година, беше шкарт производ но во 2014 година успешно го оживеа со наследникот Аутоблоу 2 кој стана толку вирален што ја кршеше страницата на која се промовираше. Пред една година извади „Аутоблоу ВИ“ кој се управуваше со гласно каоманда а година пред тоа го претстави Аутомоблоу, екстра рака која се протега од држачот за чаши на автомобилот за да го издрка возачот.
Во 2018 година, Слоан објави „The Blowjob Paper“, документ темелен на искуството на неколку ангажирани мажи од Србија кои одгледале 108 часа фелацио за да ги регистрираат најпосакуваните брзини и стилови.
За најновиот изум ангажирал екипа истражувачи кои изработиле прототип на Аутоблоу кој ќе се управува со мислите. Истражувачите барале да работат анонимно, за проектот да не им наштети на нивните професионални кариери.
Им требале три месеци анализирање на мозочните бранови, програмирање и машинско учење за да ја помрднат машината со мислите. Засега, за тоа е потребна кацига која е доста скапа но Слоан многу надежи полага во можноста за чипирање, особено откако Неуралинк на Маск доби дозвола за клинички испитувања на луѓе.
„Ништо не ги турка науката и технологијата напред како желбата да се издркаш на некој нов и свеж начин“, пишува Вајс.