Ерика Бари му раскинала на нејзиното последно момче затоа што не бил ентузијаст постојано да дискутираат „за иднината на нашата планета“.
„Мојот дечко го поддржуваше мојот фокус, но не го споделуваше“, се жали Бери на нејзиниот екс. „Кога ќе го спомнев глобалното затоплување, само се обидуваше да ме утеши: да ме прегрне, да понуди да одгледаме некоја стара епизода на Сајнфелд....“
По некое време повторно почнала да се среќава со момци и веќе не ѝ е страв ако им изгледа премногу напната околу темата која ја вади уште на првиот состанок.
„Од мојата последна врска знам дека ми е здосадено да се трудам да бидам кул“, вели Ерика.
Во нејзин прилог одат трендовите на апликацијата која ја користи за дејтање (OkCupid) на која сè повеќе млади луѓе во својот опис ја додаваат загриженоста за климатските промени и бараат сродна душа заеднички да се секираат на таа тема.
Или да мозгаат дали треба да се прави дете кога вака одат работите. Да, дебилна е тоа дилема, ама баш затоа станува сè почеста.
Види: Не се преправајте дека ви е до климата ако планирате дете